НАТО не планира да укаже директна воена помош на Украина

Од:

НАТО не планира да укаже воена помош на Украина, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин по средба во Брисел со новиот генерален секретар на Алијанста Јенс Столтенберг.

– Засега Алијансата не планира да ни достави непосредна воена помош. Говориме само за воено-техничка помош, како од страна на НАТО, така и од одделни членки, додаде тој.

Климкин рече дека со Столтенберг ја разгледал ситуацијата во Доњецката и Луганската област и генералниот секретар ја потврдил намерата на Алијансата да укаже „политичка поддршка за стабилизирањето на ситуацијата во Доњецк и Луганск и во целиот политички процес“.

Истакната била неопходноста во двете области да бидат одржани вистински избори во согласност со украинското законодавство, за да има легитимни претставници на Донбас.

Би можело да ве интересира

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски