Основното општинско училиште „Јан Амос Коменски“ е првото училиште кое се закити со епитетот најеко-училиште на територија на општина Карпош. Денеска официјално беше промовирано „Зелено знаме“ во училиштето, а кое е највисоко признание во областа на еколошката едукација во воспитно – образовниот процес.
Наставничкиот тим, учениците, родителите и голем број партнери, вклучени во проектот се здобија со благодарници и пофалници за постигнатиот успех. Статусот на еко-училиште на интернационално ниво и наградата „Зелено знаме“ кое е во рамките на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, кој се спроведува преку Министерството за образование и наука на Република Македонија, ООУ „Јан Амос Коменски“ е едно од 20-те основни училишта во Македонија кое доби награда „Зелено знаме“.
На оваа свечена промоција се одбележа и Меѓународниот ден за намалување на уништувањето на природата под мотото „Штеди – водата живот вреди“. Директорката на ООУ „Јан Амос Коменски“ , Емилија Арсовска истакна големо задоволство за подигнувањето на еколошката свест кај учениците од ова училиште.
-Спроведовме низа на еколошки активности и истите тие се забележани и пофалени од сите страни. Како круна на целата оваа досегашна работа, училиштето имаше можности да аплицира и горди сме што сме носители на една престижна награда како „Зелено знаме“. Во текот на минатата учебна година зеленото знаме пристигна во нашето училиште. На крајот од минатата година, училиштето доби еден паричен грант за што ги употребивме при промена на сите чешми во училиштето. Ние работиме и понатаму за развивање на еколошката свест и изнајдуваме можне поволни начини како да ги намалиме трошоците во училиштето. – рече Арсовска.
Таа во својот поздравен говор ја откри тајната која училиштето работи на проект каде може да аплицираат само оние училишта кои се здобиле со наградата „Зелено знаме“. Општинското основно училиште „Јан Амос Коменски“, преку низа активности, ја подига свеста за екологијата во општина Карпош, за почиста средина и за почиста вода за пиење.