Во пристанишниот град Бари,италијанскта полиција запленила 21 килограм хероин и уапсила триесет годишна српска државјанка, чиј идентитет не се наведува.
Нарко шверцерката во Бари пристигнала со траектот кој сообраќа на релација Драч-Бари, а дрогата била скриена во подот на автомобилот, во нејзина сопственост. Истата, била со висок квалитет, пакувана во 41 пакет, а нејзината вредност се проценува на 1,5 милиони евра.
Српската државјанка ќе одговара за меѓународна трговија со наркотични средства.
Во меѓувреме полицијата во Трст разбира албанско-италијанска нарко банда.
Во рамките на акцијата насловена „Буби“ уапсени се петмина албански и четворица италијански државјани, а запленети се и 1,5 килограми кокаин и помала количина хашиш. Дрогата требало да заврши на словенечкиот нарко пазар. Нарко групата чии водачи биле Ибрахим Речи и Францеско Сковино, била следена од месец мај годинава, а делувала на релација Италија-Словенија.