А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

За стружани и годинава ќе се набават шестотини вакцини против сезонскиот гри

by А1он08/10/2014 - 13:05115
Share0

Шестотини вакцини против сезонскиот грип ќе добие епидемиолошкото одделение во Струга во пресрет на зимската сезона кога кулминира ова вирусно заболување.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информираат од Регионалниот центар за јавно здравје со седиште во Охрид кој ги покрива териториите на општините Струга, Охрид и Дебар, вакцините треба да пристигнат во текот на втората половина на месецот по што ќе отпочне и вакцинацијата на населението.

Во текот на изминатите неколку години, во Струга се набавуваат околу 600 вакцини против сезонскиот грип, количество кое ги покрива потребите на граѓаните. За охриѓани се одвојуваат 1500, а за жителите на Дебар 400 вакцини против сезонски грип.

Вакцината против грип не е задолжителна и се дава на доброволна база, но сепак, како што вели епидемиологот д-р Јованка Коровешоска Стурлакова од Центарот за јавно здравје, се препорачува да се имунизираат ризичните групи луѓе, како што се хроничните болни, старите лица, бремените жени, како и оние кои имаат опаднат имунолошки систем.

Следете a1on на Youtube YouTube
struga

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 11:2714/03/2026 - 11:27

Водата во Струга не е исправна за пиење

Горан Наумовски05/03/2026 - 14:17

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Горан Наумовски05/03/2026 - 10:06

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он21/02/2026 - 09:1621/02/2026 - 11:51

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски16/02/2026 - 13:3216/02/2026 - 13:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто