Дизајнирана од страна на Елиат Рич, „Децениа“ е многу едноставна столица која изгледа се поубаво во текот на користењето. Столиците се во целост функционални и се претставени во Милано, како дел од големата изложба на „Недела на дизајнот“.
Елиат Рич направи единствени столици со формулирање на процесот со боја која полека се појавува со отстранувањето на надворешниот, втор слој вар во бела боја – откривајќи ги шарите и боите кои ја прават секоја столица да биде единствено парче мебел.
Секоја столица дизајнирана од страна на Елиат Рич ќе добива бои и шари со различен степен на време и на различни места, поради начинот на кои се седи. Не само што овие обоени столици се единствени, тие исто така се произведени од рециклирано дрво. Со текот на времето ќе ги видите боите и шарите – розова, сина, жолта и уште многу од тоа.