Сагадин: Нападот ги полни салите, одбраната ги добива натпреварите

Од:

Во пресрет на вечерашниот натпревар на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата против Задар, тренерот Змаго Сагадин ја потенцира играта во одбраната како предуслов за добар резултат.

– Нашата одбрана во моментов е слабост. Не е цврста, не функционира како што треба и ќе ни треба време да дојдеме до посакуваната игра. Тренер сум на екипи кои не примаат многу поени, а против Мега Визура примивме премногу, премногу, премногу поени и секој ден на дневен ред ни е одбраната. Нападот ги полни салите и носи атрактивност, ама одбраната ги носи победите. Задар е шутерска екипа и не смееме да им дозволиме отворени удари и секако да ја подобриме скок играта, рече Сагадин на попладневната прес-конференција.

Словенечкиот стручњак посакува МЗТ да прими помалку од 70 поени.

– Ние сме способни да постигнеме повеќе од 70 поени и ако го задржиме противникот под оваа бројка верувам дека ќе победиме.

Сагадин од кого се очекува да промовира во првата петорка некои од помладите играчи потенцира дека не е задоволен од работата на најмладите.

– Во моментов не гледам некој од помладите кошаркари да прикаже желба и да се истакне со работа. Јас чекам сигнал, а кога ќе видам дека играчот е подготвен да одговори на задачите, веднаш ќе го втурнам во „оган“. Прво мора да видам амбиции од нив, додаде тренерот на МЗТ Скопје Аеродром.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Задар ќе се одигра вечерва со почеток во 20 часот во СЦ „Јане Сандански“. Ова ќе биде прв натпревар за македонскиот шампион во новата сала. Се очекува „штрковите“ да настапат во комплетен состав.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос