3,8 милиони денари за „информативно гласило“

Од:

Град Скопје распиша јавен оглас за печатење на информативно гласило. Проценката за изработка е 3,809,523 милиони денари или 62.000 евра.

„Предмет на договорот за јавна набавка:
Печатење на информативно гласило на Град Скопје

Проценета вредност без ДДВ: 3.809.523,00 ден.

Вид на договорот за јавна набавка: Услуги – Категорија на услуга: бр.15

Издавачки у печатарски услуги на договорна основа или со надомест“, стои во огласот.

Во огласот доставен до бирото за јавни набавки наведено е дека ќе се користи електронска аукција, преку која ако се пријават повеќе понудувачи проценетата цена од градот може да се намали.

Понудите заинтересираните можат да ги достават најдоцна до 27-ми месецов а понудата е со важност од 90 денови.

Во мај годинава градот одвои и 2 милиони денари или околу 32 илјади евра за закуп на банери на интернет порталите.

Тендерот за рекламни услуги тогаш го доби продукциската куќа „Квазар филм“. На нивната официјална веб страна се поставени и проектите кои досега ги направиле, главно за потребите на владата. Дел од пропагндниот материјал на кој се потпишани се рекламите за претприемачки дух со слоганот „Осмели се“, видео спотови за Агенцијата за електронски медиуми, спот за „Macedonia timeless-food“ и за АМСМ.

Објаснувањето на град Скопје за издвојувањето на 2 милиони денари од градската каса за банери беше дека станува збор за редовна пракса. Банери на интернет порталите ќе се закупувале за редовни настани од културата каде градот се јавувал како покровител, за градежни активности но и за текoвни информации за дополнително информирање на граѓаните преку веб порталите.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

А1он

Студент ставил „мито“ од 10 денари во индекс – добил десетка

Анита Петровска Рајковиќ