(ВИДЕО) СДСМ: Нема ни работа, ни права, еве решение

Од:

„Денеска кога светот го одбележува Светскиот ден на пристојната работа, во Македонија е проблематично да имаш работа и исто толку проблематично е да биде пристојна.

-Со власт како оваа, којашто со бришење невработени ја намалува невработеноста, не е јасно колкав е вистинскиот процент на невработени, но сликата на сиромаштија го кажува своето.

-Погледнете во табелата, што се однесува на вработените.

Половина од вработените земаат плата пониска од 16 илјади денари. И две вакви плати да има во семејството, не можат да ги покријат неопходните трошоци за живот, што според минималната синдикална кошница на ССМ, изнесуваат 32.200 денари месечно“, рече Мила Царовска, претседателка на Комисија за труд и социјална политика.

tabelaSDSM

Извор: Државен завод за статистика (2014) Вработени и нето – плати, состојба октомври 2013 година. Забелешка: Вкупниот број на вработени со полн фонд на работно време во 2013 година изнесува 405.741.

„Власта на Груевски ја изигра минималната плата со тоа што остави период од три години за нејзино усогласување и покажа тотална негрижа за кршењето на правата на работниците од страна на  странските инвеститори кои се субвенционирани и подржани со народни пари.

Слушнете ги сега скандалозни податоци што се однесуваат на деца кои работат, според Мултииндикаторското кластерско истражување.

17 проценти од децата во Македонија се вклучени во работни активности. 23 проценти мали деца, на возраст од 5-11 години, се вклучени во детски труд.

Загрозени се и правата на жените. Во последните 6 години се направија повеќе измени во Законот за работни односи со коишто е избришана одредбата за заштита на жената работничка откако ќе се врати од породилно боледување. Исто така, само 44 проценти од жените се активни на пазар на труд.

Колку е далеку Македонија од светот покажува мотото под кое светот го одбележува денешниот Ден на пристојна работа: Климатска правда.

Додека светот се обидува да обезбеди права на работниците според климатските промени, во Македонија, во 21-от век, во 2014-та година, на работниците им се скратени основните работнички права, како што е правото на штрајк.

За СДСМ приоритет е обезбедувањето пристојна работа. Ние сметаме дека само со почитување на трудот на работникот е можен одржлив развој на земјата.

Сметаме дека итно треба да се превземаат мерки за да се обезбеди достоинствена работа за граѓаните во Македонија.

  • Минималната плата да се постави на 10 илјади денари и да се усогласува со порастот на животните трошоци;
  • Флексибилно работно време од 7.00-8.30, за да можат вработените да поминат повеќе време со своите семејства;
  • Департизација на синдикатите и укинување на сите закони што на кој било начин го отежнуваат или ограничуваат правото на штрајк;
  • Враќање на одземените работнички права во законот за работни односи;
  • Воспоставување систем на стандарди за заштита и безбедност при работа.

СДСМ подготвува и други активности со цел да а испрати пораката дека Македонија има обврска да обезбеди пристојната работа за граѓаните, за што ќе бидете дополнително информирани“, изјави на денешната прес-конференција Мила Царовска, претседателка на Комисија за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа