Тимошенко: Украина треба да и плати на Русија за гасот, а не да питачи

Од:

Украина треба да и плати на Русија за гасот кој што е испорачан, како што тоа го прават сите останати држави и не треба да упатува молби до Москва за намалување на тој износ, изјави поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошенко.

-Имаме добра навика, постојано да молиме за нешто. Станете, со крената глава и платете, како што прават сите држави -порача Тимошенко.

Договорот за снабдување со руски природен гас, Украина го потпиша во 2009 година, а за него таа наведе дека е „стандарден договор“ кој го имаат сите европски држави.

-Ние сме европска држава и не е во ред да питачиме што било од Русија. Тоа е правиот и достоинствен начин за вистинска независност-изјави Тимошенко.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци