Комисијата за култура на Европскиот парламент денеска не ја изгласа номинацијата на Тибор Наврачич (Унгарија) за комесар за образование, култура и градежништво.
Во 27-члената Комисија за култура 14 пратеници гласаа „против“, 12 „за“ и еден воздржан“ за номинацијата на Наврачич.“
Наврачич минатата недела беше критикуван од европските пратеници поради унгарските закони за малцинствата, за медиумите и за судската власт, кои според европските институциии се спротивни на договорите за заштита на човековите права. Наврачич одговарајќи на прашањата се огради од Владата на Виктор Орбан иако прво беше министер за правда, а потоа министер за надворешни работи.
– Тој може да биде дел од Европската комисија, но не во таа улога, изјави неименуван извор од Европскиот парламент.