„Гувернерот Богов призна дека Македонија од 2008 година до денес остварува просечна стапка на раст на БДП од само 1,5 проценти годишно.
Богов за жал ја потврди ползечката стапка на раст на економијата во државава, што ја кријат Ставрески и Груевски.
Со таква стапка на раст, на Македонија ќе и требаат над 30 години за да го достигне нивото на просекот на БДП по глава на жител во Европската Унија. И тоа под услов економиите во ЕУ да застанат на сегашното ниво на раст.
Гувернерот Богов почна да ја подготвува јавноста за вистината, со тоа што повеќе не тврди дека Македонија е ниско задолжена земја, туку ја нарекува умерено задолжена.
Прашање на момент е кога власта на Груевски самата ќе мора да признае дека Македонија е високо задолжена и да понесе одговорност за тоа“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на гувернерот Богов во интервјуто за Дневник.