СДСМ: Колку е нарушена безбедносната состојба со тајните што се издадени во Шпион?

Од:

СДСМ во денешното соопштение до медиумите во врска со пресудите за случајот „Шпион“ прашува какви државни тајни оддале обвинетите за да им бидат изречени големи затворски казни.

– Ако навистина во судската постапка се докаже дека обвинетите во случајот „Шпион“ заслужиле над 70 години затвор, се поставува прашањето какви ли се државни тајни оддале, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата прашуваат колку е нарушена безбедносната состојба во Македонија со тајните што ги издале инволвираните во овој случај.

– Изречените казни го отвораат прашањето за политичка одговорност за случајот „Шпион“ од сите во државата кои се повикани да ја штитат безбедноста на Република Македонија и нејзините граѓани, велат од СДСМ. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда