ВИДЕО: Во Центар битка против барокот

Од:

Дел од станарите на улица „Македонија“ се незадоволни од, како што велат, ултимативното известувањето од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски кој им дава 10 дена да размислат дали прифаќаат барокна фасада.

На градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска му кажа дека не се задоволни, бидејќи градот им нуди реконструкција само од предната страна на зградата.

„Промената само на предната страна на фасадата нам ништо не ни значи. Овде се работи за приватна сопственост и сами проценете дали ова писмо што го добивме од Коце Трајановски е писмо од еден градоначалник. Ова за нас е суптилен политички притисок. Три пати прегласувавме во Центар, дали треба и сега три пати да го искажеме нашиот став? Заморени сме од барокот, дајте ни’ можност сами да си одлучиме како ќе изгледа нашата зграда“, ијави по средбата Владимир Вангелов, еден од станарите на улица Македонија.

Општина Центар, посочи Жерновски, е отворена за сите иницијативи и барања на граѓаните и се подготвени да влезат со реконструкцијата на фасадите според проектот кој што го реализира општината а се однесува на енергетски ефикасни фасади.

„Ако влеземе како општина, се разбира – доколку тоа го сакаат граѓаните, нема да има барок. Моја максима е – барокот далеку од општина Центар. Доколку ние го реализираме ова, тоа ќе биде како и во сите други згради кои добија енергетски ефикасни фасади, а тоа е реконструкција од сите 4 страни, а не како што нуди Град Скопје – само на предниот дел. И тука ќе го задржиме автентичниот изглед на зградата, а мотив повеќе за ова е фактот дека овој дел до пред извесно време бил споменична целина“, изјави Жерновски.

 

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ