Дали Охрид намерно ги изгуби германските средства за Студенчишкото блато?

Од:

Охрид пред извесно време, како што пишуваше А1он, изгуби веќе уплатени германски финансиски средства за проектот за заштита на Студенчишкото блато, кои Билатералниот секретаријат успеа да ги обезбеди од друштвото за германска меѓународна соработка од Германија.

Со тој проект, требаше да се утврдат границите за строга заштита на срцето на Блатото, да се ре-воспостави врската на Блатото со Охридското Езеро и да се изгради инфраструктура за посета. Германците револтирани од несериозниот однос на Локалната самоуправа во Охрид, ги повлекле веќе уплатените пари од сметката.

Но со отворањето на прашањето на изградбата на марина во Охридското Езеро отвори нови сомнежи околу целиот овој случај. Имено, како што најави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, планираната марина, која впрочем е изборно ветување на ВМРО – ДПМНЕ на сите изборни циклуси, треба да се протега токму на потегот од каналот „Стиденчишта“ и некогашниот хотел „Парк“.

За да се претпостави влез на приватен партнер во градба на ваква марина треба и да се      обезбеди земјиште односно локација која што ќе му овозможи на приватниот партнер да гради придружни објекти  крај  марината со што тој би ја повратил вложената инвестиција. Со оглед на тоа што во моментов ваква локација   во централното градско подрачје  тешко може да се најде, одлучивме марината да се гради на просторот меѓу каналот Студенчишта и некогашниот хотел “Парк“ – рече градоначалникот Бакрачески.

Дали намерно или не, Охрид изгуби веќе обезбедени финансиски средства за заштита на едно од најголемите природни богатства. Останува дилемата дали со несериозниот однос на Општина Охрид намерно беа изгубени германските пари за таму да се изгради градската марина и некој да профитира?!

Експертите бурно реагираа на овие одлуки на власта. Проф. Д-р Трајче Талевски јавно преку социјалната мрежа Facebook упати остри критики кон Бакрачески и менаџерскиот тим на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Дури сега станува јасно зошто Ви требаше да ангажирате „експерт„ од странство. Баш би сакал да чујам и видам кој е тој експерт за блатни екосистеми кој што не успеал да види дека блатото е блатен екосистем со единствена флора и фауна, природно живеалиште на педесетина видови растенија од кои десетина се ретки и значајни за флората на Р.Македонија. Кој е тој Ваш експерт кој не успеал да види дека блатото и вакво какво што е, успева барем во дел од него, да биди мрестилиште на крапот и другите краповидни видови риби. Кој е тој експерт кој не успеал да види дека со изградба на марина ќе се уништи живеалиште на четири влекачи, десетина водоземци, над седумдесет инсекти од кои четириесетина се тркачи (Coleoptera) а триесетина вилинскикоњчина, десетина планарии, над педесетина птици кои се од особен интерес за европската и светската орнитофауна, стотина дијатомеи од кои десетина се ендемични за Охридско Езеро, а две се до сега констатирани само во блатото – напиша проф. Д-р Трајче Талевски.

Тој додаде дека марина се гради секогаш и секаде, а блато не можете ниту градоначалникот, ниту кој и да е да изгради. Тоа е „изградено„ пред милениуми, пред да го има и Охрид. А денеска со еден збор ќе се уништи цел еден екосистем за да се задоволат желбите на стотина сопственици на бродови, глисери и јахти.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски