(ВИДЕО) Шекеринска: Потребни се политики што ќе ги задржат младите кои си одат

Од:

-Младите се движечка сила на секое општество. Но, каде се придвижува таа младинска сила во Македонија? За жал, во странство, констатираше вчера вечер во Тетово заменик претседателката Радмила Шекеринска.

Заменик претседателката Шекеринска и претставници од комисии на СДСМ присуствуваа на трибината што ја организираше Социјалдемократската младина од Тетово на тема: „Иднината на младите, тука или во странство?“

sekerinska-tribina (4)

-Две бројки се стравични. Никој не сака да се врати во земјава, а многумина сакаат да заминат. Повеќе од 51 процент од младите во Македонија размислуваат за иселување. Тоа покажува дека работите ни се тргнати во надолна линија по сите прашања, политика, економија, социјала, се што им е важно на граѓаните. Затоа, на земјава час поскоро и требаат политики, што на младите ќе им понудат шанса да останат овде и да создадат свое семејство, рече заменик претседателката Шекеринска.

sekerinska-tribina (3)

Масовното заминување на младите во странство и безработицата се двата клучни проблема што беа посочени на трибината.

-Поразителните бројки покажуваат намалување на запишување ученици во основното и средното образование. Фактот што само еден од пет студенти се вработува веднаш по дипломирањето, ниските плати и огромната младинска невработеност се показатели за циклусот на миграција што и се случува на Македонија. Го губиме главниот ресурс на оваа држава, а тоа се младите, рече Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.

sekerinska-tribina (1)

-Профилот на луѓе кои ја напуштиле оваа држава е со повисок степен на образование. Одливот на мозоци е главниот проблем со кој се соочува Македонија,  додаде претседателот на СДММ Тетово, Дарио Сотировски.

Во дебатата на трибината активно се вклучија и граѓаните кои се интересираа за мерките што ги предлага СДСМ за решавањето на овој проблем: младинското вработување, бизнис инкубатори, поддржување на младинските идеи.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме