СДСМ: За кои работнички права зборува Спасов?

Од:

За кои работнички права и за кој синдикат излезе да зборува министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, прашува СДСМ.

„За тие работнички права за коишто оваа власт на Никола Груевски прекрши Устав?За оние работнички права на градежните работници ангажирани од фирми на власта кои паѓаат од скелиња пред нивни очи, а тие молчат? За синдикатите што ги притисна до ниво на непостоење? Или за синдикалниот лидер Митревски што си го избраа по мерка за извршител? Па сега тој по директива во власта уште ја презема одговорноста да се грижел за условите и заштита при работа на работниците“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Оттаму сметаат дека состојбата со лошите услови во коишто работат работниците одамна ескалираше. Потсетуваат дека само летово, за помалку од три месеци се случија 5 несреќи со работници. Во Гостивар, тешко беше повреден градежен работник при изградба на објект. Во август се случи голема несреќа, кога загина работник при ископ на земја во село Батинци. Во јули градежен работник загина во Битола. Истиот месец електричар загина во Кумановско, работејќи на бетонски столб.

„Каде беше Трудовата инспекција? Каде беше Министерството за труд и социјална политика? Закони во оваа држава има. Нема институции што ќе ги спроведуваат законите“, заклучува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни