По повод Меѓународниот ден на учителите, Форумот на жени на СДСМ организираше трибина, на којашто се вклучија и личности од образовната фела и од општествениот живот.
Донесени се повеќе заклучоци, меѓу коишто:
Форумот на жени на СДСМ го истакнува ставот на СДСМ за итно повлекување на небулозата со планираното екстерно тестирање на факултетите.
Се бара стопирање на казните за наставниците во основното и средното образование, што произлегоа од лошиот експеримент екстерно тестирање, како и внесувањето на оценката 1 (единица) од тоа тестирање, во свиделелствата, што е незаконски.
Форумот на жени на СДСМ повикува Министерството за образование веднаш да ги повлече измените на законите во основното и среднното образование со коишто сака да го удуши правото на штрајк на наставниците. Власта веднаш да отпочне преговори со СОНК за укинување на казните, за утврдување повисока основица за пресметка на платите, според коефициентите од Колективниот договор и тоа да почне да се применува најдоцна до почетокот на 2015 година.
Се бара процедурата Е дневник да се поедностави, на вработените во образованието да им се обезбеди превоз до работното место, преиспитување на набрзина воведената Програма Кембриџ.
На Трибината е посебно нагласена потребата да се врати воспитно образовната дејност на наставниците, кои власта на Никола Груевски ги претвори во административци.
Форумот на жени на СДСМ бара да престанат притисоците врз наставниците и професионализација на наставничката професија во согласност со европските стандарди.