Ѓоковиќ повторно го освои Пекинг

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми стигна до нов триумф на турнирот во Пекинг. Тој во финалето го совлада Томаш Бердих со 6:0 и 6:2 во сетови и ова за него е петта победа на овој турнир каде во рамките на АТП мечевите нема пораз.

Ѓоковиќ на овој турнир има победено во 2009, 2010, 2012, 2013 и 2014 година, додека во 2011 година не настапи, а победи токму неговиот денешен ривал Томаш Бердих.

Во финалето Ѓоковиќ ја искористи дури четвртата меч топка откако првата ја имаше при резултат 6:0 и 5:0 во вториот сет.

Ова за српскиот тенисер беше 24.та победа на турнирот во Пекинг, а има еден пораз на овие терени на Олимписките игри 2008 година кога во полуфиналето загуби од Надал.
Во женското финале Марија Шарапова ја победи Петра Квитова со 2:1 во сетови.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров