Конгресменот Адам Кинзингер и се придружи на Конгресната група за Македонија и Македонците во Америка (Македонска група), соопшти денеска Обединетата македонска дијаспора.
“ОМД и Македонците во Америка се почестени со придружувањето на конгресменот Кинзингер во Македонската група и ја поздравуваме неговата поддршка за Македонија и нејзиното членство во НАТО“,соопшти претседателот на ОМД Мето Колоски.
Сега групата брои 16 членови.
Кинзингер е претставник на 11-тиот конгресен дистрикт во Илиноис и го одработува својот прв мандат, како еден од најмладите членови на Конгресот.
Според популарниот магазин “Тајм“, конгресменот Кинзингер е меѓу 40-те под 40 “Американски политички ѕвезди во подем“.
Македонската група со која претседава конгресменката Кендис Милер е тело кое ја одржува врската на добри односи меѓу САД и Македонија.