(ВИДЕО) Акција за есенско чистење на каналите во Струмица

Од:

Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ реализираат големо есенско чистење на каналите и коритото на реката Тркања. Оваа заедничка инвестиција тежи пет милиони денари. Градоначалникот Зоран Заев, денеска, од мостот пред населеното место Сачево, каде што е завршено чистењето, рече дека целта на овој зафат е да се овозможи нормално функционирање на атмосферската и фекалната канализација.

-Станува збор за еден многу значаен потег кој што е далеку од очите на граѓаните, но е многу значаен за секојдневното функционирање на градот Струмица. Се работи за котата К0 каде што излегува фекалната канализација и сите атмосферски канализации од градот, пред се, преку поројот „Крушевска Република“ од Струмица. Овој потег на реката Тркања, кој што е под надлежност на Владата на Република Македонија, како дел од сите речни корита и канали, моравме да влеземе и да го исчистиме и тоа 100 метри од мостот надоле и 1.250 метри кон селото Градско Балдовци.
KANALI-6

Целта е со ова прочистување преку кое се извадени 36 илјади метри кубни наноси од дрвја и трски од коритото на реката, да се овозможи нормален, функционален тек на сите атмосферски води кои што го напаѓаат градот, особено при големите поројни дождови, но секако и создавање услови за комплетно функционирање на фекалната канализациона мрежа во градот Струмица. Во делот каде што се слева фекалната канализациона мрежа скинати се наноси од 0,5 до 1 метар и целата оваа активност ќе овозможи нормално функционирање на атмосферската и фекалната канализација.

KANALI 8

Вкупната инвестиција на овој потег е околу 5 милиони денари, заедничка на општината и јавното претпријатие „Комуналец“, а веднаш после тоа следува прочистувањето на последниот дел од поројот „Крушевска Република“, тоа е делот од мостот на транзитниот пат се до сливањето во реката Тркања за да можат да се сливаат сите потенцијални води кои што доаѓаат со дождовите. Граѓаните знаат дека каналот „Крушевска Република“ е прочистен, некогаш еднаш, некогаш два пати годишно го прочистуваме, делот што е од урбаното јадро, значи од транзитниот пат до реката Тркања сега следува за чистење и ова е финалниот дел каде што сите води се сливаат во самата река.
KANALI-4

Во рамките на ова би сакал да ја споделам и информацијата дека сите активности поврзани околу прочистителната станица, која што е логичното решение на тоа за кое што досега зборував, се целосно во тек. Комуналното претпријатие „Комуналец“ заедно со канцеларијата на Европската Унија и консултантската фирма од Данска се во финална фаза во изработката на новата физибилити студија и еколошката студија за да може да се аплицира и конечно грантот од 9,8 милиони евра кој што го доби општина Струмица за изградба на прочистителната станица легне на сметките во Македонија за да може да се распише тендерот за избор на изведувач, рече градоначалникот Заев.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење