Папата Фрањо, Едвард Сноуден и јапонска мировна организација се кандидати за Нобеловата награда за мир.
„Јапонскиот народ кој го чува членот 9“ е името на јапонската организација која го штити тој член од Уставот, со кој се забранува учество на Јапонија во воени дејствија.
Активистите на оваа организација засега се најсеризен кандидат, иако за конкуренција ги имаат многу познатите ликови на Папата и Сноуден.
Наградата се доделува на 10. Октомври во главниот град на Норвешка.