Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази згрозеност од „одвратното злосторство“, извршено од групата „Исламска држава“ врз британскиот заложник Алан Хенинг, пренесоа француските медиуми.
-Ова злосторство, како и претходните, нема да остане неказнето, изјави Оланд во коминике, лиферувано изминатата ноќ од Елисејската палата.