Охридското е најстаро езеро во Европа, тврдат италијански научници

Од:

По германските научници, денеска и нивните италијански колеги тврдат дека Охридското Езеро е најстаро езеро во Европа.

Тиранската телевизија Топ ченел, денескa јави за спектакуларно откритие, како што го нарече, на група италијански научници, со кое се тврди дека Охридското Езеро е најстаро езеро во Европа.

– Првичните резултати се дека по првпат имаме приближно точен податок за староста на ова езеро, дека истото е најстаро во Европа. Првичните податоци ни дозволуваат да бидеме многу сигурни во тоа дека Охридското Езеро е постаро од милион години и ова е многу значајно откритие од биолошки и геолошки аспект, вели проф. Ѓовани Занчета од Универзитетот во Пиза.

Професорот Занчета е раководител на групата и познат експерт за гео-киматско-вулкански појави.

Во јануари годинава, пак, експертот Бернд Вагнер, кој беше дел од експедицијата составена од експерти по геологија и минерологија од Универзитетот во Келн, меѓу другото изјави дека се работи за најстарото езеро на континентот, старо повеќе од милион години.

Тој ова го изјави за весникот „Келн штадт унзајгер“, во напис насловен „Детективот на најстарото езеро во Европа“, посветен на Охридското Езеро и на истражувањата што минатата година беа спроведени во рамки на проектот за утврдување на неговата старост и климатските промени низ времето.

Исто така, тој наведува дека Охридското Езеро меѓу другото е посебно поради постоењето над 200 животински и растителни видови, ендемски видови, кои ги има само во тоа езеро и никаде на друго место во светот.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум