СДСМ: Груевски го создаде во образованиет

Од:

После хаосот што власта на Никола Груевски го создаде во образованието, по серијата лоши вести и критики за сотојбата во која го доведе, ВМРО-ДПМНЕ нема со што да се пофали во така наречниот отчет, се вели во писмената реакција на СДСМ.

Сигурно поради успешните политики на Никола Груевски и неговите министри, само за 5 години од нивното владеење бројот на ученици во основното образование е намален за 27.000, а бројот на средношколци е намален за 5.000.

Веројатно од „успесите“ на власта на Никола Груевски, за кои зборуваше Спиро Ристовски Владата се соочи со огромното незадоволство во образованието. Затоа ВМРО-ДПМНЕ не кажа ниту збор за штрајкот на просветните работници од кој толку многу се уплаши.

Заменик министерот за образование, од ВМРО-ДПМНЕ, изостави да ги спомене достигнувања на владата во екстерното тестирање, каде официјално се казнети 1.321 наставници во основното и 646 наставници во средното образование, со намалени плати за 12 месеци.

Севкупно, оценка за овој отчет на Спиро Ристовски е: НЕДОВОЛЕН, ЕДЕН, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме