Полицијата пронајде стебла на канабис сатива во Тетовско

Од:

Поголема количина стебла и искорнати гранки „канабис сатива“ пронашла вчера полицијата на две одвоени парцели во атарот на тетовското село Палатица информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци  на парцела сопственост на А.Ј.(55) биле пронајдени и искорнати  89 стебла  „канабис сатива“ со различна големина од половина до два метри, а до меѓа со соседната парцела на И.Џ. ( 43 ) пронајдени се уште 57 делови -гранки, од вакви искорнати стебла.

Пронајдените стебла со соодветна судска наредба се одземени и ќе вештачат. Се расветлуваат сите поединости во врска со пронајдените количини „канабис сатива“ по што ќе следуваат поднесоци, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра

Кривични пријави и притвор за престрелката во Тетово, двајца се во бегство

Катерина Ѓуровски

Притвор за сите што со автоматски пушки пукаа во возилото во Тетово и го убија возачот

Предраг Петровиќ

Двајца малолетници и две жени се уапсени за убиството во Тетово

Горан Наумовски

Уапсени се три лица за вчерашната престрелка во Тетово