Ѓоковиќ и Мареј полуфиналисти во Пекинг

Од:

Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј изборија пласман во полуфиналето на турнирот во Пекинг откако ги совладаа Григор Димитров и Марин Чилиќ со 2:0 во сетови.Ѓоковиќ двата сета против Димитров ги доби со 6:2 и 6:4 во гемови, што за него беше 22.ра победа на мечевите во Пекинг и сеуште нема пораз на овој турнир.

Неговиот ривал во полуфиналето Британецот Мареј го совлада шампионот на УС Опен, Хрватот Чилиќ со 6:1 и 6:4 во гемови.

Во другите два четвртфинални дуела ќе играат Џон Изнер против Томаш Бердиџ и Рафаел Надал против Мартин Клизан.

Кај жените се одиграа само два четвртфинална меча Марија Шарапова во „рускиот дуел“ ја победи Светлана Кузнецова со 6:0 и 6:4, додека Петра Квитова постигна победа над Роберта Винчи со 7:6 (7:2) и 6:4.

Другите две полуфиналистки се Ана Ивановиќ и Саманта Стосур, откако Симона Халеп (Ивановиќ) и Серена Вилијамс (Стосур) ги предадоа мечевите без борба. Во полуфиналето ќе играат Ивановиќ – Шарапова, Стосур – Квитова.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров