Во Белград Меѓународен фестивал на стендап комедија

Од:

Четвртиот Меѓународен фестивал на стендап комедијата „StandUpFest“, ќе се одржи од денеска до 5 октомври во Белград.

Денеска ќе настапуваат стендап комичарите од регионот на чело со членовите на организацијата „Standup.rs“.

Гости на фестивалот ќе бидат, Мартина Ипша, од Словенија, македонскиот актер, Сашко Коцев и Горан Фурјан од Хрватска.

Планирани се осум настапи, а водител на програмата ќе биде, Срѓан Динчиќ.

Следниот ден ќе настапува ексклузивниот гост  Раџиналд Хантер, еден од познатите стендап комичари во светот, кој моментно се наоѓа на голема европска турнеја.

Третата вечер на публиката ќе и биде понудена ревија на стендап настап на комичари во клубски амбиент.

Би можело да ве интересира

Заврши МТФ „Денови на комедија 2024“

Отворање на Денови на комедијата Куманово

Горан Наумовски

Во Македонска Каменица изведена стенд-ап комедијата „Вештачка интелегенција“

Ана Ололовска

Почна 16. Меѓународен фестивал „Денови на комедија“

Емир Латифовиќ