Отворање на Денови на комедијата Куманово

Од:

Вчера вечер во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово беше отворен 26 по ред Меѓународен театарски фестивал Денови на комедија Куманово.

На отворањето на фестивалот му беше доделена наградата Васил Иљоски на режисерот и актерот Коле Ангеловски, награда која е востановена последниве две години и се доделува за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата.

На отворањето во преполната сала на Центар за култура беше изиграна претставата Синиот портокал од Театар Велес.

Инаку на Фестивалот оваа година ќе има десет театарски претстави со театри од Македонија, Хрватска, Бугарија и Србија, а фестивалот има востановено и награди за најдобра актерка, најдобар актер, најдобра режија, најдобра споредна улога, најдобра сценографија, најдобра костимографија и најдобра претстава.

Би можело да ве интересира

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено

Полицијата уапси двајца разбојници од Куманово

Гори напуштена куќа во центарот на Куманово

Двајца повредени при судар на локомотива и комбе кај кумановско Лопате

(ВИДЕО) Ги натепале во 19:30 часот, пријавиле после полноќ: Детали за тепачката во Куманово

Александар Тодески

(ВИДЕО) Ноќна тепачка во Куманово: Боксови и влечење на среде улица

Александар Тодески