Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави соопштение во кое им се извинува на припадниците на ЛГБТ популацијата, поради новиот пропис, кој бара употреба на „вистинските имиња“.
Имено „Фејсбук“ бара од корисниците да ги употребуваат своите вистински имиња на оваа мрежа, што предизвика големи проблеми кај ЛГБТ заедницата.
Новото правило предизвика голем број профили да бидат избришани, вклучувајќи го и профилот на „Систер Рома“, еден од најпознатите транссексуалци во Сан Франциско. Неговото вистинско име е Мајкл Вилијамс, а писмото кое што го испратил до лидерите на „Фејсбук“ предизвика бурни реакции меѓу корисниците.
Во него станува збор за тоа дека новиот пропис ќе доведе до проблеми помеѓу ЛГБТ популацијата, бидејќи многумина се уште се кријат зад своите псевдоними и дека постои можност да бидат откриени од оние кои се подготвени да им наштетат.
Од „Фејсбук“ велат дека не очекувале вакво нешто и дека во најкраток рок ќе донесат ново правило, кое ќе им овозможи на корисниците да користат псевдоними, а воедно и на нив да им овозможи да ги отстранат лажните профили.
Е. Г.