ОБСЕ повика на итен прекин на судирите и почитување на примирјето во Источна Украина

Од:

Во пресрет на масовните убиства на цивили и претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во Доњецк, претседателот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Дидије Буркхалтер ги повика денеска спротивставените страни во Украина итно да ги прекинат воените активнотсти и да го почитуваат договорот за прекин на огнот.

Во соопштението на ОБСЕ се изразува згрозеност од вчерашното убиство на десет лица во училиште во Доњецк и насилната смрт на претставник на МКЦК.

Швајцарскиот министер за надворешни работи и претседател на ОБСЕ Буркхалтер ги повика сите страни во конфликтот итно да ги прекинат вооружените судири.

Буркхалтер се заложи за строго почитување на прекинот на огнот и спроведување на мерки на протоколот договорен во Минск на 5. октомври и меморандумот од 19. септември, се наведува во соопштението на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он