Секојдевниот живот треба да се одвива во светли, отворени и фантастично дизајнирани домови, па затоа бирото „Алвен Маклери и интериор“ во Стокхолм дизајнираше дуплекс во скандивски стил, кој може да служи како инспирација за оние кои уживаат во светли и урбани ентериери.
Малиот стан се протега на вкупно 55 метри квадратни. Ентериерот е добро осветлен и добро прилагоден за долгите зими кои се типични за Скандинавија. Овој дом има високи тавани, а топлата атмосфера е постигната со повеќе текстури, како што се дрвените подови и скалите. Перниците и удобниот тепих придонесуваат за дополнителна топлина и гостопримство во овој дом.
Заоблените прозорци пропуштаат сончева светлина длабоко во станот која продира до пониското ниво. Белите ѕидови го прават станот визуелно поголем и добро осветлен, а темната кујна ја разбива монотонијата и воедно дава модерен и современ стил на овој компактен стан.
Станот е опремен со гардеробер и убава тераса, која служи за реласирање и уживање на свежиот воздух.