Димитар Грабул ја освои шампионската титула во тенис откако денеска во финалето го победи Стефан Мицов со 2:0 во сетови. Грабул беше убедлив и на Мицов му препушти само три гема со 6:2 и 6:1 во гемови.
На патот до титулата Грабул ги победи Борјан Стефановски (1. коло), Давид Мицевски (2.коло), Дамјан Домазетовски (1/4 финале) и Горазд Србљак (1/2 финале). Единствено во полуфиналето Србљак успеа да му одземе сет на шампионот Грабул.