(ВИДЕО) Лидија Димова: Oтчети на Владата од партија, ВМРО-ДПМНЕ си тера по свое и пред ЕУ

Од:

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да демонстрира дека државата е исто што и партијата и тоа во пресрет на европскиот извештај за напредокот на Република Македонија за 2014 година.

Од партискиот центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ вчера заменик министерката за информатичко општество и администрација зборуваше за сработено во 100 дена од Владата.

Пред неа, од истиот партиски центар на ВМРО-ДПМНЕ, заменик министерката за правда говореше за користење европски пари од ИПА инструментот“, рече на денешната прес-конференција Лидија Димова, претседателка на Комисијата за европски прашања, СДСМ.

„Освен мешањето на државните со партиските активности на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, на јавноста и се скратени основните информации.

Кога Владата ќе им каже на граѓаните дека неповратно се изгубени 15,5 милиони евра од ИПА фондовите?

Исто така, 18 милиони евра од ИПАРД агенцијата во Македонија се дадени на Светска банка за да не се изгубат.

Овие пари што може да се искористат за корисни проекти за граѓаните

Македонија постојано губи поради некадарноста на институциите и Владата.

Власта очигледно знае само да ги задолжува граѓаните на Македонија.

Решението е во Програмата на СДСМ – предложивме ИПА средствата да бидат достапни за европеизација на општеството. Тоа значи да стигнат до училиштата, претпријатијата, земјоделците, синдикатите, до младите, до граѓанските организации“, рече Лидија Димова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента