Десетици вработени во аеродромот во Брисел им се придружиле на џихадистите во Сирија. Заминатите се европски граѓани со белгиско државјанство, објавија локалните медиуми.
Најголем број од луѓето кои заминале во Сирија имале пристап до пистите на аеродормот и до самите авиони. Во последните месеци безбедносната служба на аеродромот на десетици вработени им ги одзела пропусниците со кои можеле да се движат низ аеродормот.
Според официјални податоци од почетокот на војната во Сирија 350 белгиски државјани се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад. Повеќе од 140 лица потекнуваат од Брисел или предградијата.
Според податоци на белгиското Обвинителство оклу 450 белгиски државјани се подготвуваат да им се придружат на џихадистите во Сирија.