Жак Ширак го поддржува Алан Жупе, додека неговата сопруга Бернадет – Никола Саркози

Од:

Жак Ширак не ги крие своите симпатии за неговиот поранешен премиер Алан Жупе, за кој на повеќе пати има кажано „тој е најдобриот меѓу нас“, тоа уште еднаш го потврди давајќи му јавно поддршка во битката за лидерство во УМП, јавува дописникот на МИА од Париз.

Вo кратката изјава, поранешниот претседател на Франција, отворено го поддржува Алан Жупе наспроти Никола Саркози.

– Секогаш знаев дека Алан Жупе ќе се сретне со својата судбина и со таа на Франција.Многу малку работи можат да ми причинат поголемо задоволство, за мене, за него и пред се за нашата земја. Ако имав повеќе енергија, сигурно дека ќе го резервирав моето место, па дури и мало во неговиот штаб,  изјави Жак Ширак за „Фигаро“.

Оваа вест не е изненадување за ќерката на Ширак. Клод Ширак која за „Монд“ објаснува дека нејзиниот татко е „среќен по одлуката на Алан Жупе“. Алан Жупе е еден од најверните соработници на Жак Ширак, затоа не е изненадување поддршката која Жак Ширак му ја дава, но изненадува само излегувањето од тишината во која се наоѓа поранешниот претседател.

Неговата изјава не е случајна и таа е дел од долгата битка која Жак Ширак ја води против Никола Саркози.

Жак Ширак никогаш не му го прости на Никола Саркози „предавството“ во 1995 година кога застана зад Едуар Баладур во трката за претседател, наместо зад неговиот заштитник.

Денес Никола Саркози кој се обидува да се врати на политичката сцена сака да се смири со Жак Ширак, и со кого сака да се сретне. Но, барем засега Ширак не дал согласност за евентуална средба.

Никола Саркози може да смета на поддршката на Бернадет Ширак, сопругата на Жак, која отворено го поддржа испраќајќи критики на сметка Алан Жупе, кој за неа е „Многу, многу студен е не ги привлекува луѓето. Алан Жупе може да трча многу за да има ваков успех кај публиката“.

Изјава која го принуде Жак Ширак да ја повтори поддршката за Алан Жупе, што само ветува бурни расправи на семејната маса кај Ширак.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата