Косовски уметници со критика за транзицијата изложуваат во Мала станица

Од:

Во Мала станица, утре, 3 октомври, во 20 часот, ќе се отвори изложба на уметничката група Варг е Ви од Косово, со наслов „Посттранзициска релевантност: Комбинација од неколку партии на вечер“,(Еден поглед кон косовската современа уметност).

„Варг е Ви“ (Јетон Муја, Авни Шкодра, Дин Азизи, Авни Рудаку, Артан Хајрулаху, Куштрим Зеќири и Бесим Бафтиу) е мултимедијална уметничка група од Гнилане, Косово, составена од седуммина уметници, кои се изразуваат во различни уметнички дисциплини, т.е. визуелни уметници, перформативни уметници, музичари, писатели. Ваквиот широк дијапазон на креативна експресија е предност за целата група и за содржината на нивните презентирања бидејќи станува збор за интелектуална анимација на повеќето сетила и чувства. Актуелното секојдневие ги засега и овие автори и тие го вклучуваат тоа и во своите инсталации, глуми, перформанси, музика, поезија.

„Варг е Ви“ е една од можните опции – платформа за следење на развојот на концептуалната уметност во посттранзициско Косово и нивните дела во себе ги вклучуваат сите реминисценции од транзицијата во политичка, културна, идентификувачка смисла. Вториот дел од насловот на проектот Посттранзициска релевантност: комбинација од неколку партии на вечери е резултат на синонимот на различноста, мултимедијалноста, контекстуалноста и секако во себе ја содржи двосмислената манипулативна порака „нешто се крчка“ или „ќе ни зготват нешто“, кованици што се користат и при детерминација на политички потези.

kosovskiUmetnicis

-Слично како Македонија, и Косово се уште го минува периодот на транизиција, продолжена, развлечена и непродуктивна. Општата стагнација го поставува обичниот човек на едно беспаќе, на раскрсница меѓу старото и новото, првото одамна изминато чии реминисценции се чувствуваат во психата, традицијата, верувањата, трагите од војната и поделбите, и новото, модерното и современото кон кое стремат, а кое во голема мера е толку блиско, а всушност недостижно и далечно. Овој аспект, како и општото социјално-општествено и политичко егзистирање вршат големо влијание врз развојот на уметноста и врз концепциско-дискурзивните јазици со кои се изразуваат творците. Изолирањето од секојдневието е речиси невозможно, единствен начин да се избегне ова пледоаје е неговото игнорирање и бегството од него, но и тоа е еден вид реакција.

Со презентирањето на оваа изложба на групата „Варг е ви“, се обидуваме да дадеме еден ракурс во развитокот на младата современа косовска уметност која, за жал, иако се создава во непосредна близина, сепак е многу малку позната кај нас велат од Националната галерија .

Ваквиот приказ дава многубројни можности за споредување на развојните патеки на уметноста во двете соседни земји, а отвора и нови платформи за соработки и нови спознанија.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски