Националната гарда и Десниот сектор поврзани со масовните гробници

Од:

Постојат несоборливи докази дека Националната гарда и украинскиот ултранационалистички Десен сектор се одговорни за убиствата на луѓе чии тела се пронајдени во масовни гробници во близина на источниот украински град Доњецк, соопшти рускиот Истражен комитет.

– За оние кои имаат некакви сомненија кој е одговорен за убиствата, Истражниот комитет има несоборливи докази – изјави на сведоци и соодветни испитувања – кои директно укажуваат дека злосторствата ги извршиле борците на Националната гарда и Десниот сектор, рече шефот на Истражниот комитет Владимир Маркин.

Маркин рече дека масовните гробници, пронајдени во септември во Доњецк, на истокот на Украина, „се уште едно сведочење за злосторствата кои ги вршат Украинците, и додаде дека „сите жртви се мачени пред да бидат убиени“.

– Убиствата се детално опишани во сведочењето на војникот од баталјонот „Дњепар“ Сергеј Литвинов, задржан во руската болница како цивил, откако побегнал од Украина, рече Маркин.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци