План на француското Министерство за култура музеите Лувр, Версај и Орсеј да бидат отворени седум дена во неделата

Од:

Француската Влада планира од следната година трите најпосетени музеи Лувр, Версај и Орсеј, да бидат отворени седум дена во неделата, и тоа ќе биде мерка планирана во буџетот за култура во 2015 година.

Продолжената работна недела ќе биде на сила од 2015 до 2017 година, а планираното се спроведува по претходни консултации со претставници од вработените, соопшти Министерството за култура.

Моментно тие три музеи се затворени во понеделник или вторник. Лувр годишно го посетуваат повеќе од девет милиони луѓе што е светски рекорд, додека седум милиони го посетуваат Версај, а 3,5 милиони Орсеј.

Во Лондон најголемите музеи – Британскиот музеј и Националната галерија се отворени цела недела, како што е случај и со Музејот за модерна уметност во Њујорк. И управата на музејот Прадо во Мадрид одлучи во крајот на 2011 година таа установа да биде отворена цела недела.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата