Со претставата „Стјуардеси“ во изведба на Националната Установа Театар Комедија-Скопје,а во режија на Синиша Ефтимов,синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ беше отворен 17-тиот Меѓународен фестивал „Денови на комедија“.
На фестивалот учествуваат десет претстави од кои, шест од Македонија и четири од земјите од соседството. Фестивалот го отвори заменик министерот за култура Драган Недељковиќ,кој рече дека секоја година фестивалот е се поуспешен.
– Фестивалот има меѓународен карактер,ќе се потрудиме во наредниот период овој фестивал да прерасне во европски фестивал на комедија,да ги надмине другите фестивали на комдија во регионот.Министертвото за култура и во иднина ќе го поддржува овој фестивал, изјави заменик министерот за култура,Драган Недељковиќ. Тој додаде дека најголем продукт во Македонија е токму културата и оти случувањата во оваа област не се сконцентрирани само во главниот град,туку прогресивно се шират во сите градови во државава,што може да се види од вложувањата на Министерството и поддршката што ја имаат сите фестивали и културни манифестации во Македонија.
Директорот на кумановскиот Центар за култура, Роберт Павлевски информира дека и годинава, советот на фестивалот одбрал квалитетни комедии за кои публиката пројавила голем интерес.
Актерката Марија Кондовска која настапува во комедијата „Стјуардеси“ вели дека е природно,што токму во Куманово се одржува овој фестивал. И Нина Деан,актерка во претставата објаснува дека кумановци се одлична публика. Вечерва настапува театарот од Подгорица со комедијата „Црногорец во кревет“.