Кошаркарките на Франција и Кина обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство што се одржува во Турција.
За влез меѓу осумте најдобри на Мондобаскет, Франција ја победи селекцијата на Бразил со 61:48, додека Кина беше подобра од Белорусија со 67:72.
Претходно место во четвртфиналето обезбеди Канада со убедливата победа од 91:71 над Чешка.
Последниот четвртфиналист на СП ќе го дознаеме вечерва откако во Истанбул, својот дуел од оваа рунда ќе го одиграат кошаркарките на Србија и Куба.
Инаку, со освојувањето на првите места во групната фаза селекциите на: САД, Австралија, Шпанија и Турција веќе имаа директно обезбедено пласман во четвртфиналето.