Историско зголемување на цената на поштенските марки во Франција

Од:

Соочена од пред неколку години со големо намалување на бројот на поштенските пратки – пред се традиционалните писма, француската пошта најави дека цената на поштенските пратки просечно ќе биде зголемена за седум проценти, започнувајќи од 2015 година.

Ова е највисокото зголемување на цените на поштенските пратки во историјата на француската пошта, со оправдување дека има потреба да ги надомести загубите од намалувањето на активностите и финансирањето на своите инвестиции.

Обичната поштенска марка за писма до 20 грама ќе поскапи за 10 центи од 0,66 на 0,76 евра, додека за споровозните писма од 0,68 на 0,68 евра.

За зголемувањето на цените Поштата доби одобрување од Властите за телекомуникација, кои и дозволуваат да ги зголеми цените просечно за 5,2% годишно во текот на четири години, водејќи сметка за инфлацијата од1,7% за тој период.

Паралелно со зголемувањето на цените на поштенските пратки – писмата, ќе биде зголемена и цената на пакетите просечно за 1%.

Французите кои се најголеми корисници на дизел автомобили во Европа, од 2015 ќе мораат да сметаат и на зголемување на цената на дизелот за 2 центи по литар, кои треба да го надоместат недостигот на прилив на средства од екотаксата за тешките возила. Екотаксата беше напуштена по протестот на „црвените капи“ во Бретања. Овие средства, поточно средствата од зголемената цена на дизелот ќе послужат за финансирање на транспортните и патните инфраструктури.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата