Слатка баклава за вечен Курбан Бајрам во ООУ „Братство“

Од:

Во пресрет на муслиманскиот празник „Курбан Бајрам“, денеска во ООУ „Братство“ се подготвуваше традиционалната баклава. Години наназад, ова мултиетничко училиште презема низа активности од ваков тип, а со тоа ги зближува учениците од муслиманска и христијанска вероисповед. Во соработка со партнер-училиштето ООУ „Вера Циривити Трена“, освен традиционалната баклава се подготвуваа и солени гурабии, а беше поделен и добро познатиот чај кој се добива од растението „тхеа синенсис“.

bratstvo-bajram (2)

Во петок, 03.10.2014 година, со почеток во 11.30 часот, ќе се одржи продажен хепенинг во училишниот двор на ООУ „Братство“, под мотото „Курбан Бајрам славиме баклава ќе правиме, дворот со цвеќиња ќе го разубавиме“.

На изложените тезги, ќе се продава храна која ќе биде зготвена од родителите на учениците, како и денешната баклава. Паричните средства ќе се употребат за разубавување на училишниот двор со цвеќиња, со тоа училиштето ќе добие вистински есенски лик.

Би можело да ве интересира

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош

Започнаа училишните спортски лиги во Карпош

Карпош доби нова административна зграда