Ѓоковиќ без проблеми во четвртфиналето

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Пекинг. Тој во мечот од второто коло го победи Вашек Поспишил со 6:3 и 7:5 во гемови.

На огранизаторите во Пекинг проблем им прави дождот поради што програмата е редуцирана и од машките мечеви закажан е уште дуелот меѓу Џон Изнер и Томи Робредо.

Во женска конкуренција завршија два меча. Саманта Стосур ја совлада Каролине Вознијачки со 2:0 во сетови, откако во вториот сет спаси пет сет топки.

Пласман во следното коло избори и Петра Квитова со победата над Шуи Пенг, а ќе се играат мечевите меѓу Лорен Дејвис против Ализ Корне и Марија Шарапова против Суарез Наваро.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров