Во централниот дел на Хрватска, во Карловачка жупанија покрај споменикот Петрова гора, во шума се наоѓа една напуштена куќа, која со години претставува мистерија.
Сепак по низа години е откриено дека таа била атомско скривалиште и една од најголемите тајни на поранешна ЈНА.
Лифтот во оваа навидум обична куќа која го носела името „Магаречевац“ се спуштал 50 метри под површината на земјата, каде што впрочем се наоѓала скривница во случај на напад од атомска бомба
Златко Цишпер, бригадир во пензија раскажа дека специјализираната станица Петрова гора се протега на површина од околу 2.000 квадратни метри, со цела низа простории како електрична централа, кујна, помошна просторија, простории за спиење и простор за деконстаминација.
Сите простории се одвоени со прегради и врати со ударни вентили во случај на нуклеарен напад, а во излезниот дел се наоѓаат бетонски врати од 40 тони, кои што се конструирани така што можат да сопрат дури и бран од нуклеарен удар.
Е. Г.