Почнува обуката на новата класа пилоти

Од:

Во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, министрите за одбрана и за внатрешни работи, Зоран Јолевски и Гордана Јанкулоска денеска ќе се обратат по повод почетокот на обуката на новата генерација слушатели од родот авијација.

Во рамки на новата генерација, во Центарот за обука на пилоти ќе се обучуваат лица за потребите на министерствата за одбрана и за внатрешни работи. Обуката на кадетите трае 18 месеци, се изведува од страна на искусни предавачи и пилоти.

Обуката се состои од елементарна обука на авионот ЗЛИН-242Л, при што кадетите ќе се здобијат со основните знаења и вештини од воздухопловството и користењето на воздухопловната техника. Понатаму следува и обуката на хеликоптер Белл-206, поделена во две фази, основно летање каде кадетите ќе научат да управуваат со леталото и да извршуваат основни мисии, и напредно летање, каде кадетите се здобиваат со вештини кои овозможуваат користење на хеликоптерот до крајните негови можности.

Во тек на целиот курс летачката обука е пропратена со многу теоретски предмети кои претставуваат основа на која се надградуваат сите практични знаења. Во рамки на обуката се користат и два симулатори за Ми-8/17 и Ми-24 од најновата генерација. 

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација