Почнува 17. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“

Од:

Во Куманово денеска почнува 17. Меѓународен  театарски фестивал „Денови на комедија”. Оваа година, соопшти директорот на кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Роберт Павлевски ќе учествуваат десет претстави од кои, шест од Македонија и четири од земјите од соседството.

– Оваа година имаме најголем интерес за фестивалот. Влезниците за одредени претстави веќе се распродадени  уште во првите два дена, вели Павлевски.

Фестивалот го отвара  претставата „Стјуардеси“ на Театар комедија – Скопје,  во четврток на програмата е „Црногорец во кревет“ од театарот Монтесцена, од Црна Гора, додека во петок кумановскиот театар на албански јазик ќе ја игра претставата „Вечера за глупаци“, со што се потврдува учеството на домаќините на овој фестивал.

На 17. фестивал ќе се игра претставата „Тартиф“, на театарот „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес, „Куде ми е жена“ од театарот „Бора Станковиќ“ од Врање, претставата „Ла“ на театарот „Никола Вапцаров“ од Благоевград. Драмски театар – Ќустендил ќе гостува со претставата „Ах, каква безумна ноќ“, Турскиот театар- Скопје со „Војникот фалбаџија“, а Драмски театар – Скопје со „Жени во тесни чевли“.

Фестивалот го затвара стенд ап комедијата „1000 зошто, 1000 затоа“ на Сашко Коцев, која поради големиот интерес од публиката ќе се игра репризно.

Фестивалот „Денови на комедија“ се оддржува со поддршка на Министертвото за култура.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

„Ние, луѓето“-премиера

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи