Новиот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер ќе ја посети Грција на 4. октомври, јавија грчки медиуми.
Тоа ќе биде прва официјална посета на Јункер неколку дена пред да застане на чело ЕК.
Посетата се остварува во критичен период за Грција, која од вчера почна нов круг преговори со тројката.
Премиерот Андонис Самарас, кој ќе се сретне со Јункер, неодамна изјави дека Грција нема потреба од трет спасувачки пакет и оти од идната година земјата ќе може сама да ги покрива финансиските потреби.