Селекциите на Шпанија и Австралија обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското кошаркарско првенство за жени што се одржува во Турција.
Денеска на женскиот кошаркарски Мундијал на програмата се натпреварите од последното 3.коло од првата фаза.
Шпанија со победата над Чешка 67-43 го освои првото место во А групата, како и Австралија која е најдобро рангирана во Ц групата откако во дуелот со Белорусија славеше победа со 87:45.
Пласман пак во осминафиналето досега обезбедија, Бразил со победата над Јапонија со 79-56 и Србија која минимално со 65-63 победи Кина со 65-63.
Инаку покрај Шпанија и Австралија директен пласман во четвртфиналето, веќе имаа обезбедено домаќинот Турција и актуелниот светски првак селекцијата на САД.
До крајот на денот остануваат да се одиграат уште четири натпревари: Мозамбик – Турција, Јужна Кореја – Куба, Франција – Канада и САД – Ангола, по кои ќе бидат комплетирани осминафиналните двојки.