СДСМ: Провладините медиуми сакаат да вулгаризираат се, дури и приватни настани

Од:

„Власта се обидува да се испере за своите расипнички политики преку нарачани текстови во кои се плука по прослава на приватна компанија. Тоа многу кажува за односот на власта кон успешните приватни компании во Република Македонија, со странски капитал.

Провладините медиуми очигледно сакаат да вулгаризираат се, па дури и приватни настани.

Тоа нема никаква врска со ставот на СДСМ во однос на расипничкиот проект „Скопје 2014“.

СДСМ не е против обнова ниту против изградбата на некои објекти кои имаат функционална и општествена оправданост, како на пример зградата на Македонската филхармонија, Стариот театар и сл.  Ова е конзистентент став на СДСМ вметнат и во изборната програма за парламентарните избори 2011 година, на страна 124.

Но СДСМ се противи и секогаш ќе се противи на расипништвото, со пари на граѓаните да се полнат џепови на лица блиски до власта.

Тоа има разлика и тоа огромна разлика.

Токму Стариот театар, кој првично беше најавен дека ќе чини 6 милиони евра, заедно со сите анекси и дополнителни договори ги чини граѓаните на Македонија дури 39 милиони евра.

Каде завршија милиони и милиони евра пари на граѓаните за проектот Скопје 2014 кој според некои проценки ги чини граѓаните над 400 милиони евра?

Потребна е целосна ревизија на проектот Скопје 2014 и таа ќе се случи кога-тогаш. Мора реално и стручно да се утврди уставноста, законитоста, да се преиспита менаџирањето и финансирањето на проектот и сите штетни последици од него“, се вели во реакцијата на СДСМ, на текст објавен од „Република“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија