Националниот стадион во Варшава е изграден на местото на поранешна чаршија во градот. Овој стадион ќе биде еден од главните стадиони на ЕВРО 2012 – Полска и Украина.
Eвропското првенство ќе започне токму на овој стадион. На Националниот Стадион во Варшава ќе се одржи церемонија за отварање на првенството, после која ќе следува и првиот натпревар на првенството помеѓу Полска и Грција на 08.06.2012. Покрај овој натпревар, ќе се одиграат и други два натпверари од фазата по групи, како и еден четврт финален и полу финален натпревар.
Објектот гарантира капацитет од комотно сместување на 58.500 гледачи. Стадионот е отворен во средината на Декември во 2011 година.
Натпревари кои ќе се одиграат на стадионот:
- Poland – Greece (June 8, hour: 18:00).
Poland – Russia (June 12, hour: 20:45).
Greece – Russia (June 16, hour: 20:45).
Quarterfinal: 1A – 2B (June 21, hour: 20:45).
Semifinal: 1B/2A – 1D/2C (June 28, hour: 20:45).
Иако нов, овој стадион привлекува големо внимание ширум светот. Конструкцијата на овој модерен стадион започна во Април 2009 година, а беше завршена во Септември 2010 година. Отворањето на овој стадион се случи на 10.09.2010 година. Отварањето беше обележано со бокс натпревар помеѓу Томаз Адамек и Витали Кличко.
Стадионот има капацитет од 42.771 гледачи. Сите седишта се прекирени со покрив. Стадионот се карактеризира со феноменално обработен заоблен дизајн. Тука ќе се одиграат три натпверави од Европското првенство 2012.
Натпрверави кои ќе се одиграат на стадионот:
- Russia – Czech Republic (June 8, hour: 20:45).
Greece – Czech Republic (June 12, hour: 18:00).
Czech Republic – Poland (June 18, hour: 20:45).
Градскиот стадион во Позњан е граден во периодот од 1968 до 1980 година. Подоцна во периодот од 2003 до 2010 година, стадионот е реновиран со цел да се подобри неговиот квалитет и капацитет пред Европското првенство. На овој стадион играат два тима од полската фудбалска лига, Лех Позњан и Варта Позњан.
Стадионот има капацитет од 43,269 седишта. Овој стадион е петти најголем стадион во Полска. Големото отворање на стадионот после неговата конструкција се случи на 20.09.2011 година, и тоа со концерт на Стинг.
На овој стадион ќе се одиграат три натпревари, сите од групните натпревари.
- Ireland – Croatia (June 10, 20:45)
Italy – Croatia (June 14, 18:00)
Italy – Ireland (June 18, 20:45)
Гдањск Арената е спортски објект во кој претежно се играат фудбалски натпверари. Фудбалскиот тим Легија Гдањск игра на овој стадион како домаќин. Стадионот е изграден во периодот од 2008 до 2011 година. Има капацитет од 43.615 гледачи.
Овој стадион се смета за еден од најубавите стадиони во Европа. Отворен е на 14.08.2011 година со пријателски натпверар помеѓу Легија Гдањск и Краковија, кој завршил 1:1.
На овој стадион ќе се одиграат четири натпверари, три од фазата по групи, и еден четврт финален дуел.
Натпверари кои ќе се одиграат на стадионот:
- Spain – Italy (June 10, hour: 18:00).
Spain – Ireland (June 14, hour: 20:45).
Croatia – Spain (June 18, hour: 18:00).
Quarterfinal: 1B – 2A (June 22, hour: 20:45).
Стадиони во Украина:
Лоциран во Киев, главниот град на Украина, овој стадион е еден од најголемите во Европа и најголемиот на првенството. Граден, реновиран и отваран повеќекратно, овој спортски објект кој покрај за фудбал, наменет е и за други спортови има капацитет од 70.050 гледачи.
Во овој феноменален објект, се одржувани и многубројни концерти. Имено, на неговото отварање на 09.10.2011 присуствуваше, а воедно и настапуваше пеачката Шакира.
Стадионот е опколен со ресторани, барови, продавници и слични простории во кои посетителите ќе можат да уживаат пред или после натпверарите.
На овој стадион ќе се одиграат пет натпревари, од кои еден е и големото финале. Останатите натпревари се три од фазите во групи, и еден четврт финален наптревар.
Натпревари кои ќе се одиграат на стадионот:
- Ukraine – Sweden (June 11, hour: 20:45).
Sweden – England (June 15, hour: 20:45).
Sweden – France (June 19, hour: 20:45).
Quaterfinal 1D – 2C (June 24, hour: 18:00).
Final (July 1, hour: 20:45).
Металист стадионот е повеќенамески спортски објект во Каркив. Во моментов претежно се користи за фудбалски натпревари, и е домашен стадион на ФК Металист Каркив.
Стадионот може да се пофали со богата историја. Отворен е на 12.09.1927 година. Првобитното тогашно име му било Трактор. Стадионот е реновиран во 2009 година, со цел да се подобри неговиот квалитет пред престојното Европско првенство во фудбал во Украина и Полска три години подоцна.
Објектот има капацитет од 38.633 гледачи. На овој стадион ќе се одиграат три натпревари од фазата по групи.
Натпревари кои ќе се одиграат на стадионот:
- Netherlands – Denmark (June 9, hour: 18:00).
Netherlands – Germany (June 13, hour: 20:45).
Portugal – Netherlands (June 17, hour: 20:45).
Овој стадион е наменет стриктно за фудбалски натпревари. Лоциран во Лвив, домашен стадион на ФК Карпати Лвив, овој стадион спаѓа во поновите стадиони во Украина.
Изграден е во периодот од 2008 до 2011 година, во проект кој чинел 211 милиони евра. Церемонијата на отварање на стадионот се случи на 28.10.2011 година. Првиот натпревар одигран на овој стадион е натпреварот помеѓу Украина и Австрија на ден 15.11.2011 година.
Стадионот има капацитет од 34,915 гледачи. На тревникот на овој објект ќе се одиграат три натпревари од фазата по групи.
Натпревари кои ќе се одиграат на стадионот:
- Germany – Portugal (June 09, hour: 20:45).
Denmark – Portugal (June 13, hour: 18:00).
Denmark – Germany (June 17, hour: 20:45).
Донбас арената во Доњетск е стадион кој е карактеристичен по својата тревна подлога направена од вистинска трева. Овој стадион е отворен на 29.08.2011 година. Објектот е лоциран во центарот на Доњетск.
Капацитетот на стадионот изнесува одлични 51.504 седишта. Овој стадион е домашен стадион на украински Шахтјор Доњетск, една од најпопуларните украински фудбалски екипи. Во овој објект се случуваат доста музички настани.
На терените на Донбас Арена ќе се одиграат пет натпревари. Три од фазата по групи, едно четврт финале и едно полу финале.
Натпревари кои ќе се одиграат на стадионот:
- France – England (June 11, hour: 18:00).
Ukraine – France (June 15, hour: 18:00).
England – Ukraine (June 19, hour: 20:45).
Quarterfinal 1C – 2D (June 23, hour: 20:45).
Semifinal 1A/2B – 1C/2D (June 27, hour: 20:45).